Лазов: „Кристал“ откупи 7.300 тони сончоглед, за годишно производство на масло за јадење потребите се многу поголеми количини (видео)

Објавено: 28 ноември, 2025, во 15:17 часот

Од вкупно откупените 7.300 тони сончоглед близу 5.000 тони се род на домашни додека преостанатата количина е на производители од Србија, по цена од 31 денари за килограм и е повисока од минатогодишната . Осумдесет отсто од откупениот род платен е додека производителите преостанатите 20 отсто ќе ги добијат до крајот на идниот месец, соопшти Горан Лазов извршен директор на „Кристал 1923“. Сепак откупената количини е далеку помала од планирањата на менаџерскиот тим на велешката компанија која како стимулација го плаќа и семенскиот материјал на производителите. Наспроти вложени напори за зголемување на површините под сончоглед и производство на поголеми количини на род од страна на “Кристал 1923“, во Македонија се зголемуваат и количините на увезено сурово масло. Во првите девет месеци на годинава внесени се 23.515 тони или минатата година 30.000 тони сурово масло. Лазов побара државата преку Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство да ја следи состојбата и да најде решение за поголемо стимулирање и заштита на домашното производство.

Зголемениот данок на додадена вредност на сончогледот на 10 % наспроти на увезеното сурово масло од 5 % е грешка на претходната Влада. Лазов ги соопшти причините и апелираше за интервенција на Министерството за финансии.

Единствениот македонски производител на масло за јадење од сончоглед бележи зголемен извоз на маргарин. Годинава, на странски пазари продаде 715 тони наспроти 317 тони во 2023 година.

Убавка Јаневска   

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.