Лекарите Дохчев и Ристов: Карцином на простата на прво место кај мажите, лекувањето е успешно по навремено дијагностицирање (Видео)
Објавено: 25 ноември, 2025, во 11:16 часот
Карциномите на простата, на тестиси и на пенис се сепифични болести на машката популација во современиот живот. Се појавуваат во бенигна и во малигна форма. Како во Европа така и во Македонија овие заболувања навремено се дијагностицираат и успешно се лекуваат поради воспоставена добра практика која опфаќа и оперативни зафати од една но и од друга страна резултат е на подигната јавна свест на машката популација за навремени превентивни прегледи, констатира проф. д-р специјалист Сашко Дохчев на едукативниот настан којшто, вчера вечер, по повод машкиот месец, „Мовембар“, се одржа во Јуроп Хаус во Велес.

Професорот одговори на повеќе поставени прашања и сподели корисни превентивни информации на присутните Велешани.
Д-р Влатко Ристов специјалист уролог во Општа болница Велес во едукацијата на присутните мажи од Велес сподели повеќе информации поврзани со машката неплодност и проблемите со ерекција кај мажите. Иако не се малигни и заболувања, немаат животно загрозувачи последици, тие влијаат врз квалитетот на живот на мажот, на целото семејство и воопшто на популацијата. Машката неплодност, на светско ниво, прогласена е за чума на 21 век затоа што 15% од паровите кои се обидуваат да добијат потомство се соочуваат со проблеми додека 20% од нив не можат да бидат родители поради машката неплодност. Но постои надеж кај категоријата на мажи со дијагностициран супфертилитет да создадат потомство, порача д-р Ристов. Тој сподели повеќе корисни совети на присутните на едукацијата.
Здружението на граѓани „Мовембар“ од Велес е организатор на настаните којшто се организираат во машкиот месец, ноември. Претседателот Сарагинов откри како со група на пријатели од една обична средба дојдоа до идеа за организирање на настани кои ја подигнуваат јавната свест за личното здравје на мажите во Велес.
Настанот „Мовембар“ посветен на машките мустаќи, годинава, ќе се одржи во петок, на 28 ноември, во „Паб“ во Велес.
Убавка Јаневска


