Лишен од слобода крадец од Велес, пленот пронајден во неговиот дом
Објавено: 6 јануари, 2026, во 14:32 часот
Полициски службеници на Сектор за внатрешни работи Велес, вчера попладне, во 17:30 часот, го лишиле од слобода Љ.Ј. (36) од Велес, поради основи на сомнение дека сторил повеќе кривични дела „тешка кражба“ на подрачјето на Велес.
„По добиени оперативни сознанија, извршен е претрес во неговиот дом, со судска наредба, при што биле пронајдени и одземени пари и предмети за кои постои сомнение дека потекнуваат од извршените кражби. Љ.Ј. бил задржан во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по целосно расчистување и документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава,“ соопшти Ана Милевска Георгиева портпаролка на Сектор за внатрешни работи Велес.
Убавка Јаневска


