Лишен од слобода малолетник во Неготино, го нападнал и полицискиот службеник

Објавено на 21 август, 2025 во 14:24

Полициски службеници на Одделение за внатрешни работи Неготино, рано утринава, во 02:35 часот лишиле од слобода малолетник кај кого пронашле и одзеле  зелена растителна материја, пари во различни апоени и мобилен телефон.

-Малолетникот физички нападнал полициски службеник кој му вршел преглед за што  бил приведен во полициска станица, известен бил јавен обвинител, адвокат за малолетници и Центарот за социјални работи Неготино, соопшти Биљана Ѓаковска, портпаролка на Сектор за внатрешни работи Велес.

Оттаму додадоа дека по документирање на настанот против малолетникот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Убавка Јаневска

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.