Лишени од слобода четворица неготинци за обљуба на 13 годишно девојче, одреден им е притвор

Објавено: 29 јануари, 2026, во 13:55 часот

Полициски службеници на Одделение за внатрешни работи Неготино, по наредба од Основното јавно обвинителство Кавадарци, вчера, ги лишиле од слобода  40-годишник, 26-годишник, 22-годишник и 20-годишник од неготинско село, во врска со кривично дело „силување на дете кое не наполнило 15 години“ казниво по член 188 од Кривичниот законик.

„Тие се сомничат дека извршиле обљуба врз 13-годишна малолетничка. Лицата се задржани во полициска станица, а потоа и спроведени во Основен суд Кавадарци, каде од судија на претходна постапка, им се определени мерки притвор во траење од по 30 дена, по што се спроведени во Казнено поправна установа Затвор Скопје за издржување на мерката,“ соопшти Сектор за внатрешни работи Велес.

Според Јавното обвинителство, настанот се случил пред 11,5 месеци.

„Осомничените на 14.02.2025 година се договориле и со возило зеле 13-годишно девојче-жртва со кое еден од осомничените претходно се познавал. Детето го однеле локација надвор од неготинското село Криволак и сите имале сексуални односи со жртвата, удирајќи ја и навредувајќи ја, по што ја вратиле во Неготино. Во текот на претходната постапка осомничените беа обезбедени со мерки на претпазливост, а со поведувањето на истрагата јавниот обвинител побара од судот мерките да се заменат со ефективен притвор, особено бидејќи прибраните докази до овој момент упатуваат на сомненија за тешко кривично дело за кое е запретена казна затвор од најмалку 10 години или доживотен затвор“, пишува во соопштението на Јавно обвинителство на Македонија.

Убавка Јаневска

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.