Лишени од слобода двајца кавадарчани за дрога, еден од нив се обидел да бега
Настанот се случил вчеравечер околу 18:00 часот на улица „Младост“ во Кавадарци кога полициски службеници дале знак за запирање на патничко возило „алфа ромео“, управувано од осумнаесет годишниот М.К којшто по застанување од неговиот автомобил се обидел да избега совозачот, дваесет и пет годишниот О.Н и притоа ги фрлил неколкуте пакувања со бела прашкаста материја во трчање, но не успеал во намерата бидејќи полициските службеници го фатиле.
Исто така, полицијата го прегледала возилото во кое биле пронајдени неколку пакувања со марихуана како и пакетчиња во облеката на М.К. По обезбедена судска наредба полицијата извршила претрес во домот на О.Н кадешто биле пронајдени и одземени марихуана и повеќе предмети со остатоци од бела прашкаста материја.
Полициските службеници од Полициската станица Кавадарци ги лишиле од слобода М.К.(18) и О.Н.(25), двајцата од Кавадарци и по целосно документирање и расчистување на случајот против нив СВР Велес најави поднесување на соодветни пријави.
Стефани Манева