Лишени од слобода двајца велешани под сомнение за дрога
Објавено на 17 декември, 2024 во 12:22
На наплатна станица Сопот, вчера вечер, во 20:30 часот, полициски службеници од Отсек за недозволена трговија со дрога при Сектор за внатрешни работи Велес ги лишиле од слобода Н.А.(25) и Д.Ј.(19), двајцата од Велес.
-При полицискиот преглед во патничко возило „фиат“ со велешки регистарски ознаки, кое го управувувал Н.А. и сопатник бил Д.Ј., била пронајдена и одземена зелена растителна материја. Тие биле приведени во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот ќе биде поднесен соодветен поднесок, соопшти Биљана Ѓаковска портпаролка на СВР Велес.
Стефани Манева