Лишени од слобода две лица од Горно Јаболчиште, пронајдени оружје и муниција

Објавено на 20 декември, 2021 во 11:01

Полициски службеници од Одделението за недозволена трговија при Сектор за внатрешни работи Велес, денеска, во 06:00 часот, ги лишеле од слобода шеесет годишниот М.У и триесет и четири годишниот И.У, двајцата од село Горно Јаболчиште. При претрес во куќа и помошна просторија кадешто живеат двете лица, со судска наредба, биле пронајдени оружје и муниција.

– Пронајдени се една автоматска пушка кал.7,62 мм со две рамки и 50 куршуми, една ловна пушка кал.16 мм, еден пиштол 7,62 мм со една рамка и 22 куршуми и еден пиштол 7,65 мм со една рамка, соопшти портпаролот на СВР Велес, Верољуб Додевски.

М.У и И.У се приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.