Лишени од слобода две лица во Велес, кај нив пронајдени пушка-артефакт, муниција и разновиден алат
Објавено: 20 септември, 2025, во 12:29 часот
Полициски службеници на Сектор за внатрешни работи Велес, во четвртокот вечерта, околу 20:40 часот, ги лишиле од слобода В.Д.(45) од Виница и З.Н.(48) од Штип.
-При контрола на патничко возило „шевролет“ со винички регистарски ознаки, управувано од В.Д. и сопатник бил З.Н., била пронајдена пушка-артефакт, која претставува културно наследство, како и над 300 парчиња муниција, кои В.Д. ги поседувал без соодветна документација. Исто така, во возилото е пронајден разновиден алат. В.Д. и З.Н. се задржани во полициска станица , известен е јавен обвинител и по документирање на настанот, против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави, соопшти Биљана Ѓаковска портпаролка на Сектор за внатрешни работи Велес.
Убавка Јаневска


