Малолетници принудувале малолетничка на секс во Демир Капија

Објавено: 12 октомври, 2023, во 15:16 часот

Триесет годишна жена од Демир Капија, вчера, во 23:30 часот, во Полициска станица Неготино пријавила дека подолг временски период четири малолетници, врсници на нејзината малолетна ќерка во објект во изградба во Демир Капија, поточно во двор на основно училиште ја
присилувале нејзината ќерка на сексуални односи со нив.

За случајот информиран е јавен обвинител на ОЈО Кавадарци и информиран Центар за социјални работи Неготино.

„Се преземаат мерки за расчистување на случајот“, соопштија од Сектор за внатрешни работи Велес.

Дума.мк

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.