Малолетник од Велес со остар предмет во рацете фрлал тврди предмети кон прозорец на училиште и се заканувал на ученици
Објавено: 26 ноември, 2025, во 13:38 часот
Малолетник од Велес, вчера, во 13:15 часот бил забележан од страна на педесет и осум годишна велешанка, како во двор на училиште со остар предмет во рацете, по кратко време почнал да фрла тврди предмети кон прозорците од училиштето и да упатува закани кон учениците. Велешанката го пријавила случајот во полиција по што веднаш на лице место излегле полициски службеници од СВР Велес.
– Од страна на полициски службеници од СВР Велес веднаш е излезено на лице место, каде по кратко време е забележано детето и во присуство на неговиот родител со потврда предметот е одземен. Бидејќи се работи за малолетник, од страна на стручни лица од Центар за социјални работи Велес, извршен е службен разговор во просториите на ЦСР Велес, соопшти Билјана Ѓаковска портпаролка на СВР Велес.
За настанот известен е јавен обвинител.
Убавка Јаневска


