Маж физички ја нападнал својата сопруга во Кавадарци
Објавено: 29 јуни, 2022, во 11:00 часот
Шеесет и едно годишна жена од Кавадарци, вчера, час и половина по полноќ во ОВР Кавадарци пријавила дека, претходниот ден, 27 јуни, околу 18:00 часот во семејниот дом била физички нападната од нејзиниот сопруг Ј.Ѓ.
Од Сектор за внатрешни работи Велес соопштија дека по целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.
Стефани Манева


