Маж од Горно Оризари, велешко, предизвикал пожар на отворено

Објавено: 22 август, 2025, во 11:59 часот

Четириесет и шест годишниот Е.Л од Горно Оризари, вчера вечер, во 20:20 часот бил лушен од слобода од страна на полициски службеници од Сектор за внатрешни работи Велес кои постапиле по претходна пријава.

Како што пишува во дневниот билтен на СВР Велес, мажот во селото со запалка запалил сува трева на отворен простор по што настанал пожар.

-Пожарот бил изгаснат од екипа на Територијалната противпожарна единица Велес, а повредени лица нема, додава портпаролката на СВР Велес.

Е.Л. бил приведен во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по целосно документирање на настанот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Дума.мк

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.