Маж од Росоман се здобил со тешки повреди во сообраќајна незгода
Објавено: 17 декември, 2025, во 13:56 часот
Триесет и две годишниот Х.С од село Манастирец, Општина Росоман се здобил со тешки телески повреди во сообраќајна незгода којашто се случила вчера на магистралниот пат Прилеп – Градско во близина на Росоман. Како што пишува во дневниот билтен на СВР Велес сообраќајната незгода била помеѓу патничко возило „голф“ управувано од Х.С и трактор „имт“ со приколка управувано од страна на четириесет и седум годишниот А.Ѓ од Росоман.
-На 16.12.2025 во ОВР Кавадарци е пријавено дека во 17:45 часот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил Х.С., а со телесни повреди се здобил А.Ѓ. констатирани во Општа болница
Кавадарци. Во периодот од 19:00 до 20:25 часот, сообраќајот на делницата од магистралниот пат Прилеп-Градско беше во прекин и беше пренасочен по локален пат за село Манастирец, Општина Росоман, соопштија од СВР Велес.
Оттаму додадоа дека извршен бил и увид од увидна екипа од ОВР Кавадарци.
Убавка Јаневска


