Маж од село Виничани испукал куршум во воздух на железничка постојка
Објавено на 7 ноември, 2022 во 11:45
Седумдесет и пет годишниот Ј.С од село Виничани, вчера, околу 19:50 часот бил лишен од слобода од страна на полициски службеници од Сектор за внатрешни работи Велес. Тој во близина на железничката постојка во село Виничани, Општина Градско, испукал еден куршум во воздух од огнено оружје.
Од Сектор за внатрешни работи Велес информираат дека Ј.С бил приведен во полициска станица и кај него била пронајдена и одземена ловечка пушка.
По целосно документирање на настанот ќе следи соодветен поднесок.
Стефани Манева