Маж од село во Чашка физички ја нападнал својата мајка, употребил и дрвен предмет
Објавено: 25 декември, 2025, во 13:05 часот
Триесет и осум годишен маж од село во Општина Чашка физички ја нападнал својата 64 годишна мајка при што употребил и дрвен предмет, соопштија од Сектор за внатрешни работи Велес.
Полициски службеници од СВР Велес го лишиле од слобода постапувајќи по претходна пријава, вчера, во 19:40 часот и е задржан во полициска станица.
-Известен е јавен обвинител и по документирање на настанот ќе биде поднесен соодветен поднесок, додаваат од СВР Велес.
Убавка Јаневска


