Маж затекнат при вршење бесправна сеча и транспорт на огревно дрво близу село Мелница

Објавено на 23 септември, 2022 во 13:52

Триесет и три годишниот И.Ч од село Мелница, вчера, бил затекнат при вршење бесправна сеча и транспорт на огревно дрво без документација близу село Меница, кај местото викано „Горно Поле“. Полициски службеници од Полициско одделение Чашка при спроведување на акциска контрола за спречување и откривање на лица кои вршат бесправна сеча и транспорт на огревно дрво, го затекнале И.Ч со патничко возило „рено“ со велешки регистарски ознаки.

Од Сектор за внатрешни работи Велес информираат дека возилото, дрвата и моторната пила се одземени од И.Ч и дека се предадени на Шумска полиција.

По целосно документирање на настанот ќе следи соодветен поднесок.

Стефани Манева

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.