Меѓународен вински натпревар на сортните вина „вранец“ во хотел Глориус на велешко езеро Младост, победниците ќе се знаат во понеделник
Натпревар на поголем број на македонски и винопроизводители од соседството, Србија, Косово, Црна Гора и Хрватска се одржа денеска во хотел „Глориус“ на велешко езеро „Младост“ како дел од Meѓународен вински натпревар посветен на сортата „вранец“. Меѓународни вински судии, експерти а меѓу нив и новинари или сопственици на светски познати вински медиуми оценуваа сотина мостри на вина од сортата вранец. Винските судии дојдоа од 15 земји во светот, САД, Велика Британија, Италија ,Бугарија, Грција, Србија, Хрватска, Словенија, Црна Гора и од Македонија. Елена Милошевска е македонскиот интернационален вински судија на „Конкур Мундијал“.
„Кое вино од сортата „Вранец“ е победник и каков пласман ќе остварат останатите ќе биде соопштено во понеделник. Тогаш ќе се врачат и наградите „Гран голд“, златна, сребрена и бронзена плакета за најдобри вина, рече Звонко Херцег претседател на Македонската асоцијација на сомелиери. Оваа асоцијација е иницијатор додека домаќин е Асоцијацијата „Вина од Македонија“ додека во улога на организатор се појавува „Конкур Мундијал Депресион“ еден од настарите вински натпревари како во Европа така и во светот.
Исто така, Херцег кој е меѓународен судија на „Конкур Мундијал Депресион“ , додаде дека промоцијата на сортните вина „вранец“ се избрани затоа што се произведуваат од можеби најзначајното истоимено црно грозје на Македонија и во исто време на Балканот.
-Промоцијата на самата сорта „вранец“ и вината „вранец“ од Македонија и Балканот како вински регион едногласно ја прифати „Конкур Мундијал Депресион“.По една година од разговорот ја реализираме Meѓународен вински натпревар во Хотел Глориус“ покрај велешко езеро „Младост“, додаде Херцег.
Македонските производители на вина од сорта „Вранец“ се најголеми во споредба со останатите учесници од балканот на тридневната манифестација. Освен нив на можат да учествуваат производители од цела Европа и пошироко. .
Промоција на вината од сортата „вранец“ од македонските виногорја и од целиот Балкан е целта на манифестацијата, како уникатна ако се земе во предвид дека постојат консументи кои досега не ги вкусиле е главната причина за која се одржува манифестацијата во Македонија, Баудоин Хаваух претседател на „Конкур Мундијал Депресион“ и претседател на натпреварот
-Виното од сортата „вранец“ е посебно. Затоа „Конкур Мундијал Депресион“ одлучи да го поддржи овој натпревар. Вакви натпревари секоја година се одржуваат во разни земји и региони во светот.Жирито е составено од 15 новинари од различни земји во светот кои пишуваат во своите списанија и медиуми за виното. По нивното запознавање со вината од сортата „вранец“ тие преку светски познати списанија за вина ќе го запознаат светот. И не само со овие туку и со други сорти на квалитетни вина кои се произведуваат во Македонија и на Балканот, додаде Хаваух.
Асоцијацијата „Вина од Македонија“ пред пет години го започнале одбележувањето на сортата „вранец“ која има празник поточно Светски ден на „вранецот“. Според извршната директорка на македонската винска асоцијација, Елена Младеновска Јеленковиќ, се започнало од Македонија со годишно прогласување на Амбасадори на „вранец“. Годинава тоа е токму претседателот на „Конкур Мундијал Депресион“ кој преку заложбата за организзција на овој натпревар всушност помага во промоција на винската сорта во светот.
Убавка Јаневска