Месецов ќе почне реконструкцијата на спортска сала „Гемиџии“, електричната инсталација и дел од покривот ставени на последни проверки

Објавено: 16 април, 2026, во 16:38 часот

Последната проверка на техничката документација на проектот е причина за поместувањето на почетокот на реконструкцијата на спортската сала „Гемиџии“ во Велес. Во внатрешноста на најголемиот спортски објект, изграден во 1982 година, ќе се реконструираат соблекувалните и тоалетите ќе се изведуваат и два нови тоалети наменети за лица со инвалидитет. Паралелно ќе се изврши и целосна замена на електричната и водоводната инсталација. Токму електричната инсталација е ставена на посебна препроверка, дознава Дума.мк.

Исто така, треба да се реши и покривот во делот над канцеларискиот простор на ЈП „Парк спорт “ кои досега, неколку пати беше подложен на реконструкции кои не ги дадоа очекуваните резултати со дождовната вода од која прокиснуваат овие службени простории.

Според директорот на ЈП „Парк спорт“, Златко Стојковски за градежните работи обезбедени се средства во висина од 15 милиони и 69 илјади денари од Владата преку Министерството за спорт.

Убавка Јаневска

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.