Министер Мисајловски: Годинава нови 300 професионални војници и по пензионирањето задржување на професионалците во Армијата и МО (видео)

Објавено: 16 јануари, 2026, во 17:33 часот

Министерството за одбрана по минатогодишните 296 и годинава планира вработување на нови 300 професионални војници. Во 2026-та ќе се подобруваат условите за борбена готовност и ќе се подмладува кадарот со цел Македонија да добие модерна армија, соопшти денеска во Велес министерот за одбрана Владо Мисајловски.

На прашања на Дума.мк, говори ли бројката на пријавени кандидати на последниот јавен конкурс за прием на професионални војници, од април, минатата година, за зголемен интерес на младите, предвидени ли се повеќе средства од буџетот на државата за потребите на Армијата во 2026-та и за што конкретно ќе се наменат како и ќе добијат ли повисоки платите професионалните војници, министерот одговори:

Мисајловски одговарајќи на новинарски прашања констатираше дека актуелните воени случувања во светот немаат сериозни последици по безбедноста на Македонија и  додаде дека го поддржува служењето на задолжителен воен рок, воведен во соседни земји, што во актуелниот момент во Македонија сепак не би можел да се реализира поради намалениот број на објекти – касарни но исто така се стави на располагање да  реализира предлог доколку дојде од македонската Армија и воените авторитети.

Иако според министерот за одбрана во 2026-та ќе треба да се исплатат пренесени обврски од претходните години,  исто така, министерството за одбрана планирало започнување на нови проекти за изградба на објекти  во Командата за обука и доктрини во велешката касарна „Алексо Демниевски Бауман“ и во Армиски полигон „Криволак“, за набавка на нови униформи, балистичка опрема како и склучување на нови договори со САД и со други држави.  

Убавка Јаневска

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.