Министерката Јаневска вчера попладне на средба со родители на ученици во Лозово, разговарале за барањето за линиски ученички превоз (видео)
Објавено: 2 септември, 2025, во 11:54 часот
Превозот на учениците кои живеат во населени места во Општина Велес или во соседните, како што е Општина Лозово и учат во средните училишта во Велес мора да се решава согласно Законот за образование, децидна е министерката Весна Јаневска.
Во изјава за медиумите, Јаневска, вчера вечер, во Велес, соопшти став за новонастаната состојба во општина Лозово каде со претставници на родители и градоначалникот Бошко Цветковски, попладнето, разговарале за ученичкиот превоз за 50 ученици кои од државата бараaт да го плати превозот на нивните деца кои учат во државното средно стручно училиште „Коле Неделковски“ поради тоа што нивните домови се на оддалеченост од 10 до 17 километри наместо да користат сместување во Средношколски дом „Лазар Лазаревски“.
Градоначалникот на Општина Лозово, Бошко Цветковски, денеска, за Дума.мк изјави дека решение ќе се најде, согласно закон, кои инаку пропишува дека сместување во средношколски дом треба да користат ученици кои живеат на поголема оддалеченост од 25 км од домот додека за останатите е пропишано дека потребно е обезбедување и користење на линиски ученички превоз. Цветковски додаде дека изненаден е што се создала ситуација на први септември која инаку можела да се реши претходно на задоволство на сите страни и особено да не се одразува на во случајов најпогодените а тоа се учениците.
Убавка Јаневска


