Министерот Љутков го прогласи за завршен V Театарски фестивал „5РЕ“ во Велес, вчера вечер на лауреати и награди

Објавено: 9 април, 2026, во 10:40 часот

Со доделување на фестивалските награди за најдобрите споредни улоги на актерката Тања Кочовска и актерот Сашо Тасевски, за најдобри главни улоги на актерката Јована Спасиќ и актерот Александар Радуловиќ, за најдобра режија на Борис Лијешевиќ, гран при наградата која ја освои претставата “Другата страна” на Црногорско народно позориште и наградата на публиката за претставата “Аматери”, вчера вечер заврши V Театарски фестивал “5РЕ“ во Велес.

Наградените ги имаа своите пет минути за славење на сцената на Театар „Јордан Хаџи Константинов Џинот“ кога и се обратија на публиката и се заблагодарија за наградите на фестивалската Жири комисија во состав Зорица Панчиќ, Владимир Тулиев и Елеонора Теова.

Годинешното затворање на фестивалот му припадна на Министерот за култура и туризам Зоран Љутков.

Во чест на наградените актерот Игор Ангелов ја изведе монодрамата “Сите најубави нешта”.

Убавка Јаневска

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.