Министрите Бектеши и Николов во велешка Маслодајна: Има доволно масло за јадење, нови владини мерки за стимулирање на земјоделците(ВИДЕО)
Во моментов снабдувањето со сончоглед е стабилно и државата во континуитет увезува сурово масло, потребно за домашните капацитети, но има и зејтин за потрошувачка, констатирале на денешната средба енаџерoт на фабриката за масло за јадење Кристал, Горанчо Лазов и министрите за економија и за земјоделство, шумарство и водостопанство Крешник Бектеши и Љупчо Николовски
Има и залиха на масло за јадење за да се задоволат потребите на граѓаните во државата и нема потреба да се прават непотребни залихи, констатираше министерот за економија Крешник Бектеши по посетата на „Прехранбена индустрија Кристал 1924 АД Велес“. Според министерот започнат е увозот на рафинирано масло од соседите, но се увезува и од други држави со оглед на укинатата царинската стапка од 29 отсто. Бектеши соопшти дека Владата работи и на дополнителни мерки за поголемо производство на сончоглед.
„Ја следиме ситуацијата на дневна основа и заеднички со Министерството за земјоделство, шумартво и водостопанство ги носиме одлуките, имајќи во предвид отворените и тарнспарентни разговори кои ги имавме како со производителите на масло за јадење така и со трговците. Во моментов ситуацијата е стабилна во делот на снабдување со сончоглед на трговците на мало воедно на маркетите, а дополнително на тоа се одвиваа стабилно и во контиунитет и увозот на сурово сончогледово . Со последните одлуки на Владата кои се прават во координација помеѓу двете министерства веќе почнува да се увезува и рафинирано масло за јадење од страна на нашите соседи. Во тој дел мерките на Владата како што се гледа и на терен ги дават соодветните резултати, во однос на количините, ги имаме сите количини на домашниот пазар потребни за нашата потршувачка, а дополнително на тоа значи работиме и на дополнителни мерки се со цел да се зголеми и пропизводството на сончоглед, кажа Бектеши и додаде дека главна цел на Владата е да се зголеми домашното производство, со што домашните компании ќе бидат поконкурентни, рече Бектеши.
Како резултат на новите владини мерки годинава двојно ќе се зголемат површините под сочоглед, а со тоа и количините на суровина за масло за јадење, очекува министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски.
“Владата за време на целиот овој период додека трае кризата одговорно постапува и носи одлуки за да ги заштити граѓаните. Сите мерки кои ги носиме имаат една цел, одржување и зголемување на домашното производство на стратешки култури. Обезбедивме 400 милиони денари Интервентен фонд како директна помош на земјоделците. Сега секој земјоделец добиварекордна поддршка и субвенција. Со овие мерки земјоделците добиваат 40% дополнителна помош за набавка на вештачко ѓубриво за пченка и пченица, како и 2.500 денари по хектар за сочоглед и јачмен. Дополнително со скоро 100 евра од хектар, ги мотивираме земјоделците да го зголемат приносот за стратешките култури. Распишавме наменски јавен оглас и на располагање ставаме дополнителни 5.722 хектари слободно земјоделско земјиште за обработка со стратешки култури во 14 региони низ државата, каде овие култури успеваат“, рече министерот Николовски.
Граѓаните не треба да стравуваат, ниту да купуваат повеќе за да трупаат залихи со масло за јадење, констатираше генералниот директор на велешка Маслодајна Горан Лазов.
“Не очекувам поскапувања. По празникот цената ќе се стабилизира и маркетите ќе бидат полни со масло за јадење. Нема потреба граѓаните да прават залиха, ќе има доволно зејтин на пазарoт“ додаде Лазов.
Убавка Јаневска