Млад кавадарчанец уапсен по кражба во црква – украдени пари за донација на болно дете

Објавено на 6 јуни, 2025 во 11:54

Полициските служби од Одделението за внатрешни работи Кавадарци вчера го лишеле од слобода 19 годишниот М.О. од Кавадарци кој крадел во црква.

Според информациите од Сектор за внатрешни работи Велес, настанот се случил во утринските часови на 5 јуни, кога осомничениот со употреба на алат и физичка сила насилно влегол во црква, од каде одзел пари од касети поставени во објектот. Дополнително, тој украл и кутија наменета за хуманитарни донации, во која граѓани оставале пари за лекување на болно дете.

По преземените мерки и активности, М.О. бил приведен во 11:40 часот, а од СВР Велес најавуваат дека по целосно расчистување и документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.

Дума.мк

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.