Млад мотоциклист со тешка повреда транспортиран од велешка болница на Клинички во Скопје
Дваесет годишниот Д.И од Радовиш се здобил со тешка телесна повреда откако на автопатот Неготино-Велес, во близина на археолошкиот локалитет „Стоби“ управувајќи мотоцикл „сузуки“ без регистарски таблиќки, изгубил контрола и паднал на коловозот. По незгодата со возило на Итна Медицинска Помош бил пренесен во Општа болница Велес.
-Откако момчето е донесено на хирургија по направените прегледи констатирана му е екстремно тешка повреда на главата и итно е транспортиран на Клинички во Скопје, соопшти портпаролката на велешка болница, др Елена Левкова Ќулумова.
Од Министерство за внатрешни работи соопштија дека сообраќајната незгода се случила во неделата, на 27 август, околу 17:45 часот. Увид на местото на настанот извршила екипа од Сектор за внатрешни работи Велес.
Дума.мк