Младата велешанка Ива Ракиџиева промовираше првенче, песна „Последен лет“ и видео спот (фото и видео)

Објавено на 22 октомври, 2025 во 10:45

Седумнаесет годишната Ива Ракиџиева е нова талентирана музичка надеж на Велес. Средношколката на „Гимназија Кочо Рацин“ го покажа и докажа својот музички талент, вчера вечер, на промоција на своето првенче, песната „Последен лет“ и на снимен видео спот. Ива е авор на текстот и музиката на песната чија промоција се одржа во големата сала на НТ „Јордан Хаџи Константинов Џинот“ пред голем број на нејзини и пријатели на семејството Ракиџиеви.

Ракиџиева песната „Последниот лет“ му ја посвети на својот дедо, Миле, или на човекот кој прв го препозна музичкиот талент на внуката и нејзин е најголем поддржувач и поттикнувач таа освен на редовното образование исто толку посветено да работи и на школување на гласот. Раното заминување од овој свет на дедо Миле оставава голема празнина во животот на младата девојка која, во разговор за Дума.мк, открива зошто песната содржи толку тажни емоции. Исто така, Ива зборува и за создавањето на песната „Последен лет“, снимениот спот како и за сопствените наредни музички чекори.

На промоција Ракиџиева освен што во живо со професионални музичари премиерно ја изведе композицијата „Последен лет“ на присутната публика и приреди убава вечер со изведби на уште неколку познати македонски песни и евергрини, еден и на француски јазик.

Младата Ракиџиева не е непозната на велешката јавност. Ива во изминатите три ипол години, заедно со уште неколкумина врсници од „Гимназија Кочо Рацин“ ја воодушевуваа публиката на разни училишни манифестации и театарски претстави со изведба на композиции од разни домашни и странски пејачи и пејачки. Особено со изведбите на песните од Тоше Проески.

Вчера вечер, Ива дополнително ги покажа резултатите од завршеното основно музичко училиште, посветеното школување на гласот прво под менторство на оперската уметница Орхидеја Дукова и во последните години под менторство на македонската пејачка и докажан професор д-р Адријана Јаневска.

Убавка Јаневска

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.