МВР го расчисти случајот со закани за поставени бомби во Кавадарци
Објавено на 23 декември, 2022 во 12:53
Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска информираше дека разрешен е случајот со дојавите за поставени бомби во Кавадарци.
-Целосно е расчистен случајот. Денеска се поднесува кривичната пријава до соодветното јавно обвинителство. Откриен е сторителот. Лицето е малолетно, кратко одговори министерот.
На почетокот на месецов во полициската станица во Кавадарци било пријавено дека на електронската адреса на пет училишта, две средни и три основни била упатена закана за поставена експлозивна направа, соопшти тогаш Министерството за внатрешни работи.
Сите дојави беа утврдени како лажни после спроведените антитерористички проверки.