Н.Е. Амбасадор на Унгарија, Андрас Клеин сподели искуства од процесот на влегување во Европска Унија
Објавено на 5 декември, 2024 во 18:02
Единаесет земји со кандидатски статус во 2004 година влегоа во Европска Унија. Една од нив беше и Унгарија. Годинава, кога оваа европска земја, одбележува две децениско членство во ЕУ, Н.Е. Амбасадорот на Унгарија, Андрас Клеин се наврати кон тогашното проширување на Европската Унија и сподели искуства од пристапниот процес.
-Во воведниот збор на дебатата, Клеин, ги соопшти предизвиците со кои Унгарија се соочила но и бенефитот што го добила, рече Ирина Карапанџоска од Јуроп Хаус Велес.
Во Јуроп Хаус Велес ,Н.Е. Амбасадор на Унгарија, Андрас Клеин ги сподели искуствата од процесот на влегување на неговата држава во Европска Унија. Освен дебатата што потоа беше отворена исто така беше поставена и изложба.
Убавка Јаневска