На готовс целата механизација на велешка подружница на „Македонија пат“ (видео)
По паднатите први количини на снег во соседна Србија на готовс е ставена севкупната механизација и човечките ресурси на велешката подружница на ЈП „Македонија пат“. Направени се последните проверки на расположливите камиони, багери, машини за чистење и собирање на снег како и распоредени се вработените од зимската служба на петте зимски пунктови на територијата на централниот дел во државата.
-На територијата на велешката подружница има пет зимски пунктови. Првиот е во Велес, вториот во Неготино, третиот во Демир Капија, четвртиот во Гевгелија и петтиот во Удово. Согласно интерните процедури за работа од 27 ноември, минатата година, подигната е на втор степен подготвеноста на овие пет пунктови. Ќе конкретизирам дека освен останатите којшто првично ја имаат обврската за одржување на проодноста и чистиот дел од автопатот Велес – Гевгелија, исто така, под наша надлежност се главни улици во градовите како и ако ме прашувате за регионот Велес и Чашка, тогаш во втората е подрачјето на Азот, на територија на Општина Чашка, кадешто количините на наврнат снег се најчесто најголеми. По спроведените јавни набавки располагаме и со доволни количини на сол и ризла што одговараат на првичната промена на времето со паѓањето на снег, рече Ѕвонко Коцевски – Раководител на велешката подружница.
Коцевски тврди дека во ЈП „Македонија пат“, исто така, имале доволни количини на залихи на сол и ризла за непречено одржување на автопатот и локалните патишта во проодна состојба.
Стефани Манева