На кислородна поддршка пет ковид пациенти во велешката болница
Објавено на 25 мај, 2021 во 15:00
Хоспитализирани се 17 пациенти од кои шест потврдени позитивни, четворица сомнителни и седум пациенти со негативен тест но задржани на болничко лекување.
На Инфективно одделение и Интерно одделение се лекуваат по седум ковид пациенти и во Модуларната болница тројца пациенти.
На кислородна поддршка се пет пациенти, соопшти потпаролката д-р Елеонора Јованова.
Од Општа болница Велес, денеска, испишан е еден пациент како оздравен со еден негативен тест.
Стефани Манева