На кислородна поддршка половина од болничките ковид пациенти во велешка болница
Објавено на 13 мај, 2021 во 14:58
На двете одделенија и во Модуларна болница денеска вкупно се хоспитализирани 49 ковид болни. Од нив 37 се потврдено позитивни, тројца се сомнителни и девет пациенти се со негативен тест но, задржани на болничко лекување.
На Инфективно одделени се лекуваат 26, во Модуларна болница 17 и на Интерно одделение шест ковид болни.
На кислородна поддршка се 26 пациенти
Од Општа болница Велес денеска испишани се тројца пациенти како оздравени со по еден негативен тест.
Убавја Јаневска