На првата крводарителска акција во Градско собрани голем број на крвни единици

Објавено на 8 мај, 2023 во 10:18

Шеесет и две крви единици беа собрани на вчерашната прва крводарителска акција организирана во Општина Градско. Од велешки Црвен Крст соопштија дека двајца од крводарителите за прв пат дарувале крв и станале дел од најголемото хумано семејство. Со оваа бројка се докажа хуманоста на жителите на Градско.  

За време на подготовките и реализацијата на акцијата, учествуваа петмина волонтери од Основната организација на Црвен крст Градско.

Инаку, акцијата заедно ја реализираа Црвен крст на РСМ Општинска организација Велес и Институтот за трансфузиона медицина од Скопје помогнати од Општина Градско.

Стефани Манева

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.