На територија на СВР Велес казнети 83 возачи за брзо возење
Објавено на 12 октомври, 2021 во 10:35

Во текот на вчерашниот ден, 11 октомври, спроведена е шест часовна засилена акциска контрола за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената. На територија на СВР Велес од 13:00 до 19:00 часот, санкционирани се 83 возачи од кои 15 се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволената брзина. Од Министерство за внатрешни работи информираат дека на сите прекршители изготвени им се соодветни поднесоци.
Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Се апелира до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за побезбедни патишта.
