На велешанeцот Горан Јанев му треба наша помош
Во најтешката животна борба, да се победи канцер, на велешанецот Горан Јанев му е потребна поддршка за лекување во Турција. Лекувањето во клиниката е долго и финансиски скапо за да може неговото семејство само да го издржи.
Јанев во моментов се наоѓа во турската клиника. И повторно ќе треба да оди. Изразувајќи ја нашата поддршка за Јанев Ви се обраќаме Вам, наша верна читателска публико, доколку сте во можност да помогнете и да донирате на бројоевите за донации отворени на мобилниот оператор А1 143 – 468 и на мобилниот оператор Телеком 143-141.
Граѓаните имаат можност да уплатат финансиска помош и на трансакциска сметка отворена на име на сопругата на Горан, Виолета Јанева со број 200001732959312 во Стопанска банка.
Постои и можност за директна уплата преку отворена страница на фејсбук од страна на синот на Горан, Мартин кој се обидува да му помогне на својот татко .
На неа Мартин напиша:
„Собирам пари за татко ми на кој му беше дијагностициран рак на мали клетки на мозокот. На Горанчо сега му треба лекување во приватна болница во Турција со радиотерапија и хемотерапија. Парите ќе бидат искористени за претстојното лекување кое е навистина наскоро закажано во Истанбул и ќе ги покрие транспортот, трошоците за лекови и трошоците за целокупното лекување, посетите на клиника, дијагностички тестови и цела терапија. Вашата донација во која било сума ќе биде многу ценета, ве молиме помогнете ни колку можете, ни е голема потреба од тоа. Сакаме да му го спасиме животот и да му дадеме светла иднина! ,“ напиша Мартин.
Затоа што човечкиот живот нема вредност пресметана во пари, поддржете го овој велешанец и сега покажете му дека никој не е сам кога му треба помош и поддршка. Се разбира, кој колку може.
Дума.мк