Националниот караван за недвижности „Дом во секој град“ во Велес, понуди помош за посредува при купување на сигурен имот
Објавено: 11 март, 2026, во 11:37 часот
Националниот караван за недвижности „Дом во секој град“, во организација на ДОРА ИНВЕСТ, е иницијатива насочена кон унапредување на професионалните стандарди, зголемување на транспарентноста и градење поголема доверба на пазарот на недвижности. Караванот, преку директни средби со граѓани и активна соработка со локални институции и експерти, има за цел да поттикне одржлив урбан и економски развој во сите региони низ државата.
На настанот во Велес присуствуваше и градоначалникот Марко Колев, а средбата обедини и претставници од сите релевантни сегменти поврзани со купопродажба и управување со недвижности како што се фирми кои посредуваат при продажба и купување на имот, адвокати и нотари како и граѓани заинтересирани за актуелни понуди и можности на локалниот пазар. Преку отворен дијалог и размена на искуства беа истакнати предизвиците со кои се соочува секторот, но и потенцијалите за понатамошен урбан и економски развој на регионот.

Сопственичката на „Дора Инвест“. Фросина Ушлиновска, ја презентираше визијата и стратешките цели на иницијативата, ставајќи акцент на потребата од уреден, транспарентен и сигурен пазар на недвижности.
„Веруваме дека секој град заслужува професионално организиран и сигурен пазар на недвижности. Со заедничка работа и отворена комуникација со граѓаните и институциите, создаваме систем кој нуди заштита, доверба и јасни правила на игра. „Дом во секој град“ претставува долгорочна посветеност кон стабилен пазар што ќе придонесува за локален развој и економски раст“, истакна Ушлиновска.

Всушност со караванот се поврзуваат сите локални чинители во процесот на купување и продажба на недвижности, се зголемува транспарентноста и сигурноста при работењето со имот, се поддржуваат локалните професионалци и компании како и
се информираат граѓаните за можностите и трендовите на пазарот на недвижности.
Со настанот во Велес продолжува реализацијата на Националниот караван „Дом во секој град“, чија мисија е создавање посилен, поорганизиран и побезбеден пазар на недвижности на национално ниво, преку непосредна комуникација со граѓаните и институциите во секој град.
Убавка Јаневска


