(фото) Наградени велешките ученици и ментори со успеси на државни и меѓународни натпревари

Објавено: 13 ноември, 2025, во 09:53 часот

Учениците од основните и средните училишта во Велес кои во изминатата година биле дел од државни, меѓународни и олимписки натпревари беа наградени на манифестација којашто се одржа во салата на Општина Велес во рамки на одбележувањето и чествувањето на 9 Ноември – Денот на Општината.

Вкупно 167 ученици, од кои 123 од основните и 44 од средните училишта, како и нивните ментори – 44 во основното и 22 во средното образование, добија признанија врачени од градоначалникот на Општина Велес, Марко Колев.

–Признанијата кои ги воведовме минатата година вродија со плод – бројката на наградени оваа година е значително зголемена. Посакувам нивната мотивираност да расте и во иднина и храбро да продолжат по патот на успехот, а Општина Велес ќе биде тука и понатаму да го препознае и вреднува нивниот труд, истакна Колев.

Настанот беше проследен со музички точки во изведба на учениците од Основното музичко училиште „Стефан Гајдов“ од Велес, кои на свеченоста ѝ дадоа посебна уметничка нота.

Стефани Манева

фото:

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.