Насилник од Велес удирал жена којашто можела да му биде мајка затоа што не ја нашол нејзината ќерка
Објавено: 26 јуни, 2026, во 13:55 часот
Триесет и едно годишниот насилник создал инцидент, вчера, доцна попладне, кога дошол пред домот и ја барал ќерката на 71 годишната велешанка. Жената ја нападнал прво пред влезната врата, која потоа ја скршил и ја удрил, внатре, во домот. Полициски службеници на Сектор за внатрешни работи (СВР ) Велес по пријава од жената интервенирале и го лишиле насилникот од слобода. Нему му бил направен и алхотест.
„На 25.06.2026 во 18:55 часот, полициски службеници од СВР Велес го лишиле од слобода П.Н.(31) од Велес, постапувајќи по претходна пријава од 71-годишна велешанка дека пред и во нејзиниот дом физички ја нападнал и ја скршил влезната врата од нејзиниот дом. Според пријавеното, тој дошол пред нејзиниот дом, ја побарал нејзината ќерка, но таа не била дома, по што физички ја нападнал. По преземени мерки било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно измерени му се 1,11 промили алкохол во крвта. Тој бил задржан во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна пријава,“ соопштија од СВР Велес.
Убавка Јаневска


