Неготинец возел со 1,84 промили алкохол во крвта
Објавено: 24 ноември, 2025, во 11:55 часот
Педесет и осум годишниот Љ.Д од Неготино управувал патничко возило „форд“ под дејство на алкохол, поточно со 1,84 промили алкохол во крвта.
Како што пишува во дневниот билтен на СВР Велес, полициски службеници при контрола на патниот сообраќај го сопреле неготинецот кој потоа го лишиле од слобода.
-Тој бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на настанот, против него
ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување
со моторно возило“, соопштија од СВР Велес.
Убавка Јаневска


