Граѓаните можат да се вакцинираат од грип, здрави се!
Здравствената состојба на жителите на општините Неготино и Демир Капија е добра информираат од Епидемиолошкото одделение во Неготино.
Деновиве матичните лекари најчесто ги посетуваат лицата со променлив крвен притисок но и оние кои се жалат на настинка и симптоми на грип. Според податоците од Епидемиолошкото одделение во Неготино лани од сезонски грип се вакцинирале околу 60 лица од Неготинска и Демиркаписка општина.
Овде веќе е започнато вакцинирањето за заштита од сезонски грип а ќе се вакцинираат и оние лица од Демир Капија кои претходно се пријавиле кај своите матични лекари.Засега одделението располага со околу 450 вакцини од кои стотина се планирани за жителите на демир Капија. Од Центрите за јавно здравје Кавадарци и Неготино ги повикуваат граѓаните, хронично болните и децата да се заштитат од грипот. Вакцинацијата против сезонскиот грип започна од 12 октомври и чини 400 денари, се препорачува да ја примаат лицата кои се постари од 65 години, мали деца како и и возрасни кои се со послаб имунитет, хронични заболувања и оние лица кои се под постојан медицински третман.