Обука за медицинските сестри: мобилни за интервенција со повеќе повредени!
Како продолжение на првиот циклус од Проектот за обука на тимовите за Итна медицинска помош во државата кој започна од 14 овој месец а чија цел е унапредување на работата на итните медицински служби во државата, ваква работилница се одржа во Неготино.
Како што беше речено на истата станува збор за проект за соработка помеѓу клиничарите, лекарите и медицинските сестри при вонболнички итни медицински служби како и поставување на ургентната медицина на повисоко ниво.
“Работилницата е насочена на она што го работат службите на итната медицинска помош а секцијата функционира во рамките на Здружението на медицински сестри,техничари и акушерки на Македонија. Ова е проект кој се одвива преку 5 работилници и е од регионален карактер. Вакви работилници досега имавме во Гостивар,Крива Паланка,Крушево,Вевчани и сега во Неготино. Целта е едукација на сестрите од итната медицинска помош како да се справат во услови кога има малку персонал,дежурни екипи а многу повредени. Најдобар пример е Неготино град кој е покрај автопат,се случува сообраќајна незгода и како треба да се реагира“,изјави Снежана Павловска претседател на Секцијата на сестрите од итната медицинска помош
Циклусите за обука содржат презентации и вежби од специјалисти од различни ургентни специјалности, како што се реанимација, кардиологија, токсикологија, неврологија, педијатрија и трауматологија.
