Јајца завршија во прозорите на седиштето на СДСМ во Неготино!

Објавено на 19 декември, 2012 во 14:37

Ги фрлија револтирани земјоделци, социјалци и пензионери.

Вака тие денеска протестираа пред седиштето на СДСМ. Протестот е во знак на револт како што рекоа поради не носењето на државниот буџет за 2013 година. Незадоволните рекоа дека е срамота опозицијата да ги понижува и на ваков начин да си игра со нивните чувства кога во Тиквешијата главен извор на егзистенција е земјоделството.Нивниот гнев отиде до таму што фрлаа јајца врз прозорците на просториите на СДСМ.

Владо Стојанов рече дека опозицијата треба да се свести што работи, да не биде против овој сиромашен македонски народ и да не предизвикува тензии за дестабилизирање на државата.

„Ако не се усвои буџетот на време ќе одиме кај Бранко на Бихачка,сите земјоделци ќе се собереме бидејќи многу народ чека субвенции од него и социјални случаи и студенти,“ рече Илија Николов.

Земјоделците ги чекаат субвенциите за оваа година. За наредната, дополнително ќе аплицирале за да ги добијат најдоцна до јуни 2013 год.

„До нова година ги земаме редовно ,ако нема оваа година не знам што ќе правиме. Цел народ во Неготино живееме од субвенциите и не знам што ќе биде,ќе чекаме ако ни ги дадат арно ако не ќе мора со сила нешто да правиме,рече земјоделецот Илија Бошков.

На неготинските лозари субвенциите за лани им беа исплатени годинава во февруари, на празникот свети Трифун откако се заканија дека ќе протестираат.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.

MIT License