Ја задавил со раце мајка си поради цигара!

Објавено на 20 декември, 2012 во 14:38

Неготино е во шок по второто убиство. Во вторникот син со раце ја задави својата мајка.

Неготинчани неможат да поверуваат дека децата не промислено го истураат својот гнев врз родителите.

20 годишниот Стојанче Донев е осомничен дека со раце ја задавил мајка си во својот дом. Потоа излегол во градот. Се вратил по два часа и повикал итна помош со надеж дека ќе ги сокрие вистнинските причини за смртта на неговата мајка. Лекарот само ја констатирал смртта и пријавил во полиција. Обдукцијата покажала дека врз Надежда има траги на насилство.

Од полицијата велат дека поради банална расправија за цигара Стоначе посегнал по животот на неговата мајка. Тоа го признал и пред полицијата. И претходно мајката се жалела за малтретирање од синот и во неколку наврати го пријавувала за семејно насилство. Стојанче бил посвоен.

СВР Велес поднесе кривична  пријава против сторителот на убиството, а од истражен судија му е одреден притвор од 24 часа.

“Причина за ова кривично дело се нарушени семејни односи, нетрпеливост и подолго време расправање со својата мајка. Неготинската полиција изврши увид наместото на убиството. Прегледан е лешот и пронајдени се траги на насилство. Последната расправија настанала поради запалена цигара од синот. Мајката реагира. Синот станал и со раце ја задавил“ рече портпаролот на СВР Велес, Ненко Александров.

Психијатрите сметаат дека родителите се повеќе ја губат контролатаврз своите деца. Младите се повеќе се напнати.

“Со вакви брутални настапи кои се екстремни реагираат поединци кои се со  пониски адаптациони способности. Ова е застрашувачко и загрижувачко. Јас би рекол дека  и самите сторители на кривичните дела се жртви на сплет на околности. Можеби тоа е повеќе акт на една непромислена моментална афективна состојба. Можеби и претходно размислувале да сторат нешто такво но изгледа делото е сторено во афект. Секое убиство е ужасен чин сам по себе, уште повеќе кога се убива родител што е крајно нечовечки-рече Блаже Саздов, психијатар.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.