Почна неделата на виното во Неготино!

Објавено на 11 февруари, 2013 во 14:26

Започнаа активностите од традиционалната стопанско-културна манифестација „Недела на виното“ која се одржува во чест на верскиот празник Свети Трифун, заштитникот на лозарите и винарите.

Денес пристигнаа сите учесници кои до 15 овој месец ќе земат учество во многубројните настани што ќе се организираат и одржат во рамките на Неделата на виното. Учесниците се од Италија, Словенија и Бугарија.

„ Гостите стигнаа и учествуваа на јавната промоција на проектниот инфо билтен Креирање на мрежа за европско вино, традиција, култура и експертиза од програмата Европа за граѓаните 2007-2013 година“,  рече Лолита Ристова проектен менаџер, раководител на одделението за локален економски развој при општината.

Денеска во рамките на манифестацијата се дегустираа вино и ракија,активност со натпреварувачки карактер од интернационални и локални винарии а беа посетени грнчарска и копаничарска работилница  како и работилница за ракотворби во Неготино./Б.Н.Т

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.