Продолжуваат истражувањата на локалитетот „Градиште“, крај Неготино!
За уште три години е продолжен меѓународниот истражувачки проект кој започна со дополнителна финансиска помош од Шпанија а сега продолжува со помош од Полска.
Mинистерството за култура исто така одвојува финансии за истражувањата.
Дополнителната финансиска поддршка за истражување ќе овозможи и ангажирање на поголем број стручни кадри, како и месно население, со што во голема мерка би се подигнала ефективноста при истражувањата,велат од музејот во Неготино.
Проектот започна да се реализира пред три години со Институтот за класични и ориентални студии од Валенсија во Шпанија,Универзитетот „Гдањск“ во Полска и Музеј на град Неготино.
По откажување на шпанскиот партнер сега археолозите од Полска ќе продолжат да истражуваат заедно со македонски археолози. Полска, новиот договор го поддржа со 40 илјади евра.
Во изминатите три години се истражуваше внатрешноста на „Градиште“ и беа откриени објекти, улици, голем број подвижни наоди, парчиња керамички садови и друг материјал, кои ја потврдуваат сликата за постоење комплексен антички локалитет.
Ова подразбира отворање на поголем простор на градската територија на Антигонеа, конзервација на движните наоди и подготовка на каталог со истите, како и изработка на веб-страница за проектот и самиот локалитет.
Експертите кои работат на истражувањата се убедени дека културните слоеви на „Градиште“ можат да дадат уште поголем археолошки материјал кој со добра стратегија може да биде искористен за одржлив културен и туристички развој на општина Неготино./Б.Н.Т