Тројца нови кандидати за градоначалници и советнички листи во Неготино!
Кандидатурата за градоначалник на Силвана Филипова од СДСМ и „Сојузот за иднината“ и советничката листа со носителот Васко Стефанов, беа поднесени синоќа во Општинската изборна комисија во Неготино.
До ноќеска на полноќ поднесени се и кандидатурите за градоначалник на Стојче Петров од НДМ и на Душко Јанев од СДУ. Носител на листата со кандидати за советници од НДМ е Сашко Пендев а на СДУ Горан Цветков.
Во ОИК Неготино во прво утврдениот рок беше поднесена кандидатурата за градоначалник на Ванчо Апостолов од Вмро Дпмне и коалицијата „За подобра Македонија“ и кандидатската советничка листа со носителот Јордан Паунов.
Тогаш советнички листи поднесоа ДОМ со носител Сашко Глигоров,како и независните листи на носителите Маја Митрова Стевановиќ и на Властимир Јовановиќ./Б.Н.Т