Браната кај село Липа, дивоградба!
Браната кај селото Липа,неготинско е дивоградба, ова го тврди техничкиот директор на ЈП Водостопанство Тиквеш Илија Темелковски кој вели дека истата била изградена пред дваесеттина години од тогашна земјоделска задруга која по нејзиното пропаѓање останала на милост и немилост.
„Сега браната чека нов газда. Нашето ЈП од поодамна склучи договор со надлежното министерство за стопанисување и управување со објекти од ваков вид.Иако немаме договор да се грижиме за браната која нема сопственик сепак истата ја контролираме и за да преземеме одредени мерки треба да ни се пренесе сопственоста“,смета Темелковски.
Неодамна беше алармирано дека браната од силните врнежи од дожд попуштила и дека поради оштетувањето на еден дел од насипот на средината може да се излие и да дојде до катастрофа при што на удар би биле жителите на село Бистренци кои во непосредна близина работата на своите ниви кои се под браната./Б.Н.Т