Нема тешко повредени во сообраќајната незгода кај велешка „Порцеланка“ (видео)
Објавено: 5 јануари, 2023, во 14:33 часот
Сите дванаесет повредени граѓани, од кои две се деца на возраст од 3 и 4 години, се прегледани, на нив е интервенирано и се згрижени на Хирушкото Одделение во велешка болница.
Според изјавата на др Ванчо Граматов најголем дел од нив се здобиле со нагмеченици по телото. Сепак тие денеска ќе останат на медицинско набљудување од страна на здравствените работници на Хиришуко одделение во велешка болница.
Повеќе детали за состојбата на повредените од видео изјавата на др Граматов.
Убавка Јаневска


