Ненад Дејаноски избран за Командир на Полициска станица Велес
Објавено: 21 јули, 2025, во 18:50 часот
Дејановски има 25 годишно работно искуство во одделот за безбедност по дипломирање на Универзитетот Св Климент Охридски во Битола за областа Кривично право и дооусовршување на Меѓународен Славјански Универзитет. Кариерата на сега веќе избраниот Командир на Полициска станица Велес започнува како подофицер во АРМ со двогодишна работа, од 2000 до 2002 година, во Гарнизонот во Велес. Дејановски учествувал во воените дејствија во 2001 како дел од втората пешадиска бригада за одбрана на град Скопје и од 2002-2005 извршувал работни задачи во армискиот гарнизон во Кичево.
Во 2005 се вработил во Министерството за внатрешни работи, во Граничната полиција за потоа кариерата во полицијата да ја продолжи во неколку други Полициски станици и во 2018 година да биде распределен на работа во Сектор за внатрешни работи Велес. Од 2023 до февруари 2025 вршел должност помошник Командир за јавен ред и мир во полициска станица од општа надлежност Велес додека од месец февруари, 2025 година, со наредба да биде назначен за Командир на полициската станица Велес.
Ненад Дејаноски бил предложен за Командир на Полициска станица Велес од страна на министерот Панче Тошковски и како предлог со 17 гласа „за“ изгласан на денешната седница на Совет на Општина Велес.
Убавка Јаневска


