Незадоволен Велешанец упатил закани кон судијка, полицијата извршила службен разговор

Објавено на 28 октомври, 2025 во 11:54

Полициски службеници, вчера, доцна попладне, во Сектор за внатрешни работи Велес  постапиле по пријава на Основен суд Велес и извршиле службен разговор со Д.О.(52) од Велес поради упатени закани кон судијка од претходно донесена пресуда, во нејзино отсуство.

„Се преземаат мерки за целосно расчистување и документирање на настанот, по што ќе биде поднесен соодветен поднесок, “ соопшти Биљана Ѓаковска, портпаролка на СВР Велес.

Убавка Јаневска

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.