Ноќеска избувнал пожар во куќа во Градско
Објавено на 10 април, 2025 во 12:31

Територијалната противпожарна единица Велес, ноќеска, три часа и триесет и пет минути по полноќ добила дојава дека гори куќа на улица Илинденска број 8, во Општина Градско.
Шест пожарникари со две противпожарни возила веднаш излегле на лице место и го затекнале пожарот во развиена фаза. Како што соопштија од ТППЕ Велес благодарение на брзата интервенција на колегите пожарникари пожарот за краток временски период бил ставен под контрола и целосно ликвидиран и во пожарот немало повредени лица.
Од ТППЕ Велес апелираат доколку се забележи пожар веднаш да се пријави на бесплатните телефонски броеви 112 и 193.
Дума.мк
